(Видео) Милица Тодоровиќ ја „погоди“ песната, па почна да крши чаши!

На роденденската прослава на Милица Тодоровиќ, која за јубилејниот 30. роденден направи забава за паметење, запеа и Александра Пријовиќ. Песната на Александра ја погоди Милица која кршеше што и се најде при рака, а настрада и една чаша.

Пријовиќ запеа легендарна песна на Душан Костиќ, а тоа Милица ептен ја погоди, па следеше вистински излив на емоции.

Претходно Милица ги дуваше и свеќичките на роденденската торта, а со другарите со кои славеше помина одлично. Меѓу нејзините пријатели беа Славица Чуктераш, Стеван Анѓелковиќ, Дарко Филиповиќ и многу други.

Видеата од роденденската забава можете да ги погледнете на следниов ЛИНК

Коментари

Популарно