Дневен Хороскоп

ОВЕН

Иако сакате да ја промените работата, имате впечаток дека сѐ уште не сте сосема подготвени на тој чекор. Не сте сигурни во своите емоции и потребно ви е време да сфатите каков однос сакате со саканата личност. Губиток на апетитот.

БИК

Поради недостатокот на концентрацијата може да правите поголеми грешки на деловно поле па поведете сметка околу тоа. Се чувствувате некако потиштено. Како да не можете да ги остварите сите желби. Проблеми со низок притисок.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат помали промени на работа. Ви треба време да се навикнете на тоа. Моменталната состојба помеѓу вас и саканата личност не ги задоволува вашите потреби. Можеби размислувате за раскинување. Потребен ви е сон.

РАК

Добро сте расположени и подготвени сте да вложите максимум енергија во работата и во добрите односи со колегите. Доколку сте влегле во некоја нова љубовна врска, ќе бидете задоволни. Внимавајте на зглобовите.

ЛАВ

Денес сте многу напнати и не ви е лесно да ги остварите своите цели на деловно поле. Саканата личност ќе покаже колку и значите и дека е подготвена да вложи максимум енергија во вашиот однос. Можни се болки во грбот.

ДЕВИЦА

Ќе имате многу пречки на деловно поле и ќе сакате на некој начин да се изолирате од опкружувањето. Ако сте во брак, саканата личност ќе ви приреди некое убаво изненадување. Ќе бидете среќни. Проверете го нивото на холестерол.

ВАГА

Викендов ќе успеете да ги остварите своите планови без поголеми проблеми. Ве очекува поволна фаза за работа. Можеби спонтано ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа веќе некое време. Одлично се чувствувате.

ШКОРПИЈА

Ова е добар период за вашата работа. Може да очекувате некои добри можности за заработка. Имате многу доверба во вашиот партнер и убаво ви е кога сте заедно. Избегнувајте шеќер.

СТРЕЛЕЦ

Пред вас е период во кој ќе имате голем број деловни обврски. Нема да ви биде лесно да постигнете сѐ одеднаш. Многу сте заљубени во вашиот партнер и сакате оваа врска да успее. Проблеми со главоболка.

ЈАРЕЦ

Не ве чекаат никакви дополнителни обврски на работа. Може да очекувате генерално мирна состојба на ова поле. Можеби не ви е лесно да донесете конечна одлука, но честопати размислувате за раскинување. Слаба циркулација.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува период во кој ќе бидете склони кон помали проблеми на деловно поле. Можеби на вашиот љубовен живот му недостасува возбуда. Влеговте во монотона фаза. Имате зголемен притисок.

РИБИ

Може да дојде до помали промени во односот со колегите и поради тоа не сте задоволни. Ако сте зафатени, ве очекува романтична атмосфера и многу нежности во односот со партнерот. Вкочанетост во пределот на грбот.

Порта.мк

Коментари

Популарно