Луна Џогани и нејзиниот вереник Марко Миљковиќ чекаат дете, па поради тоа пејачката побарала од својата мајка Анабела Атијас да се смири со нејзиното момче.
Како што е познато, Луна и Анабела не беа во добри односи, па се смирија на крајот. Меѓутоа, Џогани ја мачи караницата меѓу мајката и вереникот и тоа што тие не разговараат.
❤️ 14.
A post shared by Luna Djo (@luna_djogani) on
Бидејќи Марко официјално ќе стане дел од семејството Џогани, со оглед на тоа дека се вери со Луна и дека ќе добие дете, на сите им значи да го поправат односот.
Џогани наводно разговарала со мајката Анабела и ја замолила да му ги прости лошите работи на Марко, но тоа нема да биде толку едноставно.
Анабела кажала дека ќе се обиде да се контролира и да биде коректна, но за такво нешто ќе треба многу време.