(Фото) Македонската пејачка славеше роденден со семејството

Македонската пејачка Сара Костадиновска или во јавноста позната како Сара Мејс вчера славеше роденден, заедно со својот сопруг, водителот Димитар Атанасовски и ќерката Илина. Таа наполни 30 години, а фотографии од прославата сподели на Инстаграм.

Сара доби изненадување од Димитар и Илина, кои ѝ подарија роденденска торта, а Илина ѝ пееше роденденска песна и ги дувна свеќите наместо неа.

А  Сара, која воедни е харфистка ќе ја претставува Македонија токму на светскиот ден на харфата како дел од меѓународниот проект на Окса се пофали дека нејзиниот сопруг бил иновативен, па и подарил торта, а место харфа, на тортата ставил ренде за јајца кое ќе го замени музичкиот инструмент.

„Само маж ми, Димитар Атанасовски може да биде толку иновативен. Ренде за јајца наместо харфа“, напиша таа. Целата роденденска атмосфера ја  расплакала пејачката, која во опис напишала: „Се изнаплакав“.

Коментари

Популарно