На Талат Џафери не му се брза за мерките: Седница од 27 октомври

Талат Џафери, претседателот на Собранието, најави дека нема во скоро време да биде свикана седницата за да се изгласаат построгите мерки против коронавирусот како предлог-измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Мерките кои ги вклучуваат забраните за јавни собири по 22.00 часот, семејните собири со повеќе од четири гости и задолжителното носење на заштитна маска на отворено ќе почекаат барам до 27 октомври, објави Сител.

Спикерот на повикот на опозицијата за итна седница за да се изгласаат владините мерки за корона пандемијата одговорил дека нема намера да свика посебна седница со една точка бидејки претходното повлекување на Законот било на барање на партиите. 

Власта вчера го одби предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ независна Комисија од стручни лица изгласана од Собрание да носи задолжителни мерки. Во моментов и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ја префрлуваат одговорноста за тоа зошто се уште законските измени не се најдени пред матичната собраниска комисија.

  

Коментари

Популарно