(Видео) Меланија се појави на дебатата, а Трамп направи нешто чудно со раката

Актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп ги откажа сите активности поради вирусот, но се појави на претседателската дебата.

Вчера беше одржана последната дебата меѓу Доналд Трамп и Џо Бајден пред американските претседателски избори закажани за 3 ноември, а двајцата кандидати ги испратија своите сопруги од бината.

Тоа што на многумина им падна во око е тоа што првата дама носеше маска, како и цел тим на Трамп.

Исто така, деталот кој на многумина не им избега е тоа што претседателот Трамп едноставно ја турна раката од својата сопруга, па корисниците на социјалните мрежи се прашуваат што ли значеше тоа.

Коментари

Популарно