Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести.

На прашање од новинарите во однос на тоа дали смртта има некаква поврзаност со свадбата на внуката на Бајрам што се одржа во Турција, Филипче одговори дека се уште нема подетални информации за тоа.

Тој имаше навистина комплексна здравствена состојба со многу други хронични болести, меѓутоа во однос на она што денеска се случува навистина немам други информации, изјави Филипче во Струмица.

Коментари

Популарно