Барса на колена пред Реал на „Камп Ноу“!

Актуелниот шпански првак Реал Мадрид го зададе првиот удар во новата сезона, славеше над Барселона (1-3) во големото „Ел Класико“ и избега на шест бода позитива во однос на ривалот од Каталонија.

Првото сезонско соочување на двата тима им припадна на „кралевите“. Портите кон победата се отворија благодарение на едно невнимание на Ленгле кој го повлече Серхио Рамос при еден дуел во средината на првиот дел и на Реал Мадрид му додели пенал. Судијата Мунуера се консултира и со ВАР-собата, но по прегледување на снимките се гледа дека дефанзивецот го повлече Рамос, кој потоа со гол ги најави трите бода, кои ги потврди Модриќ.

Ел Класико“ беше возбудливо во првото полувреме, затоа што паднаа два гола во само четири минути. Во 5. минута од мечот, Валверде доби топка од Бензема и погоди по една контра, додека во 9. минута младиот Фати изедначи на 1-1 по асистенција на Алба и стана најмладиот стрелец во историјата на ова дерби

До финишот на првиот дел блескаа голманите Тибо Куртоа и Нето, со по една перфектна интервенција. По неколку шанси на двете страни, пеналот за гостинот од Мадрид пристигна во 62. минута. Рамос стрелаше за 1-2, а Барселона најдобрата шанса да изедначи ја имаше во 70. минута преку Алба, ама Куртоа одбрани. Во последните пет минути гостите на Зидан играа пеколно, а тоа резултира со гол во 90. минута на Лука Модриќ.

https://www.gol.mk/

Коментари

Популарно