Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 12 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.

Потоа се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Коментари

Популарно