Родителите открија зошто манекекната се решила на овој чекор

Манекенката  Кејтлин О'Рајли (20) изврши самоубиство во хотелот Премиер Ин во центарот на Манчестер, после журката со пријателите.

Кејтлин О'Рајли беше ќерка на близок пријател на пејачот Роби Вилијамс, кој јавно изјави  дека таа е убава девојка на која претстои убав живот.

Нејзините родители сега ја објавија приказната за трагедијата што се случи во август минатата година со цел да привлечат внимание на самоубиствата кај младите.

Кејтлин О'Рајли била жртва на „заведување“ како тинејџерка, што значи воспоставување врска на доверба и емоционална врска помеѓу дете и возрасен, со цел нивно регрутирање и искористување за се*суални цели.

Поради траумата што ја доживеала, Кејтлин немала самопочит и често се повредувала.

- Тоа и се случило на девојката на 13 години, тоа беше голема промена во животот на сите нас. Отсекогаш мислеше дека не вреди. На првиот ден од средно училиште, кога се врати дома, мислев дека некој ја малтретира. На нејзиниот лакт беше напишана порака со црн молив: „Недоволно добро“. Прашав кој и го стори тоа, и таа одговори: „Јас“, рече нејзината мајка.

Според нејзината мајка, Кејтлин не можела да се справи со емоциите на возрасно лице. Ја злоставувал постар човек и поради траумата што ја доживеала, никогаш не успеала да се вклопи во општеството.

Борбата на манекенката со менталното здравје беше постојана грижа на нејзината мајка, која постојано се плашеше дека ќерката ќе биде повредена .

Сепак, Кејтлин имаше сила да им помогне на другите тинејџери со слични проблеми. Таа неуморно одговараше на нивните пораки на социјалните мрежи навечер и ги тешеше.

Неутешната мајка сега сака да им каже на сите девојки да веруваат во себе. Таа се бори против самоубиството преку фонд кој го носи името на нејзината ќерка. Маици со натписи „Секогаш вредна“ и „Секогаш добра“ се симболичен дел од нејзината борба.

Коментари

Популарно