Фото:Нема да верувате какво домашно милениче има девојкава!

Јутјубер звезда и нејзиниот свршеник тврдат дека за време на карантинот им помогнало необично милениче бидејќи тоа е многу мирно животно

28- годишната Симоне Партнер, инфлуенсерка од Англија, пораснала на фарма и отсекогаш сакала да има свиња како домашно милениче, а пред три и пол години го оствари тој сон. Таа ја купи својата куќа, а потоа и мало прасе за 500 фунти и му дала име Мило .

Но, Мило порасна и сега тежи околу 80 килограми, но Симоне тврди дека тој е совршен миленик и одлично се согласува со неговата „сестра“, англискиот шпрингер Спаниел Брук.

„Луѓето мислат дека свршеникот  и јас не сме нормални, особено кога ќе го видат Мило како среќно трча околу нашиот двор. Но, повеќето се фасцинирани од него и секогаш прашуваат дали можат да дојдат да го видат. Исто така, нè прашуваат дали можам да го носам на прошетка, но за тоа е потребна посебна дозвола, верувале или не “.

Парот ја елиминирал сланината од исхраната поради нивното милениче, тврдејќи дека не може да јаде свинско месо затоа што Мило за нив бил како син.

Од друга страна, Мило се држи до својата здрава исхрана. Тој јаде во исто време секој ден, а вообичаено станува збор за свежо овошје, зеленчук и специјална храна за свињи.

Дневна рутина

„Тој е уреден и навикнат на куќата, но сака да носи слама од својот кревет што јас секогаш го чистам по него. Тој има своја куќа во дворот каде што спие ноќе, но најмногу заспива на каучот, завиткан во перници, ќебе и играчки. Може да спие таму со часови. 

Парот тврди дека Мило им помогнало да останат опуштени за време на пандемијата, бидејќи тоа е многу мирно животно.

Неговиот вообичаен ден вклучува станување од кревет, одење на посебно место за уринирање во нивниот двор, потоа појадок, а потоа спиење наутро на тепих. Секоја промена во распоредот ќе го натера да се жали гласно. Двојката најмногу ги сака „ неделите“ кога се милуваат со него на каучот.

„Неговата единствена иритирачка навика е да ги чисти забите додека се релаксира, што звучи како машина за перење и може да ве полуди“, призна Симоне. Мило исто така сака да се сонча, па сопствениците мора редовно да му ставаат крема за сончање за да не изгори.

Симоне тврди дека свињите се одлични миленичиња бидејќи се исклучително интелигентни, имаат интересна личност и добро реагираат на луѓето.

Коментари

Популарно