(Видео) Ибрахимовиќ: „Вирусот беше предизвикан, а јас го победив. Вие не сте Златан“

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, лесно го победи коронавирусот, но тој сега се обрати до целата светска јавност по пат на видео порака.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ги прозва луѓето да не го предизвикуваат коронаврусот и да ги преземат сите мерки на претпазливост за да го ограничат неговото ширење.

„Вирусот беше предизвикан, а јас го победив. Вие не сте Златан, па немојте да го предизвикувате вирусот. Размислете и почитувајте ги правилата – држете дистанца и секогаш носете заштитна маска. Ќе победиме!“, изјави Ибрахимовиќ во видео снимката која што ја објави на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.  

Како што пренесуваат медиумите, на овој начин Швеѓанецот индиректно му одговори на Кристијано Роналдо кој што пак вчера изјави дека „ПЦР тестот е с*ање“.

Коментари

Популарно