Бубе Јаневска се потсети на своите почетоци на ТВ екраните: Вака изгледаше пред 12 години

Убавата телевизиска водителка Бубе Јаневска секојдневно ја гледаме на малите екрани, од презентер на вестите на Канал 5 до водителка на утринска емисија, но и како лице на некои реклами.

Токму за работата на телевизија и појавувањето пред камерите од своите почетоци, Бубе се присети на својот Инстаграм и сподели фотографија од времето пред повеќе од една деценија.

01.10.2008 година е денот кога и официјално ја добив шансата да се покажам и докажам во Канал 5 телевизија. Оттогаш минаа 12 години…

Во телевизијата секој ден е нов предизвик, ново докажување без оглед на годините минати пред камерите. Секој ден значи професионалност и одговорност, макар и да те гледа само еден гледач-тоа е едно од правилата на телевизиската магија. Публиката од другата страна е немилосрдна. Влегуваш во неговиот дом, а тој одлучува дали ќе те прими на гости во зависност од начинот на кои му ги кажуваш нештата, од начинот на кој го гледаш и му се насмевнуваш.

Се трудам да бидам секогаш максимално одговорна и посветена. Да бидам на ниво и максимално да ја оправдам довербата дадена од секој гледач кој седнал пред малиот екран и решил да посвети дел од неговото драгоцено време, вклучен на фрекфенцијата на Канал 5.

Се надевам дека ја оправдувам Вашата доверба. Простете доколку некогаш не ми бил денот. Се случува, програма во живо е, напиша Бубе во описот.

Коментари

Популарно