Кафулето „Интермецо“ ја тргнал пломбата и продолжило со работа, Богдановиќ најави кривична пријава

 - По извршените контроли на кафе барот „Интермецо", вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена.

Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години - објави на социјалните мрежи градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Тој исто така информира дека  по добивање на записниците, општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат.

Коментари

Популарно