Дара Бубамара откри какви мажи сака: Не ја интересираат пари, но ОВА мора да го има!

Пејачката Дара Бубамара во претходните години привлекуваше големо внимание поради нејзините љубовни врски со многу помлади мажи. Токму поради тоа ја заинтересира јавноста со нејзините критериуми за мажите.

Пејачката претходно зборуваше дека пари не ја интересираат, но физичкиот изглед е многу важен, но еве што дополнително мора да има мажот.

„Искрена да бидам, нема правила. Едноставно, мора да постои некоја хемија за да се заинтересирам за некој маж. Не сум од девојките на кои им е важно мажот да биде успешен и да има пари. Тој мора да биде убав, да има манири и да се грижи за себе, зашто тоа покажува како ќе се грижи за мене“, вели Дара.

Коментари

Популарно