(Фото) Регионот ја запозна како Кристина Мадарина - направи низа естетски корекции, но...

Најпознатата продавачка на мандарина неуморно работи на својот нов изглед. Откако за кратко време смени неколку работи за себе, Кристина Пенава (22), попозната како Кристина Мандарина, продолжува во истиот ритам.

Атрактивната бринета, на која првично и се обезбеди медиумски простор поради огромните силиконски гради, неодамна видливо ги зголеми усните - а сега се реши и за трајна шминка. Имено, таа на Инстаграм откри деканаправила ласерско исцртување на усните.

Бидејќи не се срами од процедурата на лицето и телото, им покажа на своите „следачи“ како поминала последната во серијата.

„Моите совршени бебешки усни“, се пофали таа во описот на краткото видео.

Инаку, Кристина досега ги коригираше градите, усните, веѓите и носот, а вчера ги наполни медиумските колумни со фотографии од скап накит чија вкупна цена, ако е оригиналн, достигнува неверојатни 200.000 куни.

Коментари

Популарно