Облачно во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд

Денеска претпладне не очекува значително облачно време во северните и источните делови со повремени слаби врнежи на пониските места од дожд, на некои повисо ки места од дожд и снег, а на планините од снег. На места се можни и краткотрајни врнежи од замрзнат дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер со брзина над 60 км/час. Во текот на денот облачноста ќе се намалува.

Утринската температура ќе се движи од минус 3 до 5, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Коментари

Популарно