(Фото) Погледнете како Ирина Шајк изгледала пред почеток на кариерата

Популарната убавица е една од најпознатите манекенки на планетата, а пред повеќе од 10 години била само Ирина Валерјевна Шајхлисламова, симпатична девојка која што од родната Русија се упатила во светот на големите соништа.

Речиси и да нема личност која што денеска не ја препознава Ирина Шајк, манекенката која што се фотографираше за многубројни насловни страници на познати светски магазини и која што правеше модни ревии за најголемите светски имиња во модата, како што се Кристијан Диор, Шанел, Луј Витон, Версаче, Прада и многу други.

Сепак, најпозната е по фотографиите во бикини кои што ја лансираа на самиот врв во светот на моделингот. Во текот на 2007-та година до 2015-та година, Шајк повеќе пати се фотографираше за „Sport Illustrated Swimsuit“, а и денеска неретко ги радува фановите со провокативните фотографии од плажа.

Инаку Шајк, за оние кои што не знаат, се запишала да студира маркетинг, но потоа одлучила со својата сестра да се запише во училиште за нега на убавина, што била одлука која ѝ го променила животот.

Таму ја забележал агент кој што го восхитила нејзината убавина, па ѝ кажал да се пријави на избор за мис.Ирина се пријавила во 2004-та година, па неочекувано победила, а три години подоцна потпишала договор со престижни светски модни брендови.

Една од нејзините први фотографии кои што биле направени открива како Ирина изгледала кога пристигнала на американското тло и почнала да ја гради светската кариера – насмеана, возбудена, облечена едноставно, но сепак многу убава и единствена како и денеска.

Коментари

Популарно