Жирафата Тобого која беше една од омилените животни во Скопската зоолошка градина угина ненадејно

Жирафата Тобого која беше една од омилените животни во Скопската зоолошка градина угина ненадејно, соопштија од зоолошката.

Како што велат оттаму причините се уште се непознати.

Како што е соопштено жирафата угинала ненадејно вчера, а денеска ѝ била направена обдукција при што не биле констатирани физички повреди.

„Во наредните денови ги очекуваме целосните резултати за причината за угинувањето на Тобого.

Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка.

Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување“, велат од Зоолошката градина.

Тобого е роден во Франкфурт, Германија во декември 2010, а жител на Скопје Зоо беше од 5 ноември 2013.

Коментари

Популарно