Македонија со чудесниот Митревски го победи Чиле за втора фаза!

Македонија успеа да се крене после двата порази од Шведска Египет и денес го победивме Чиле за пласман во следната фаза.

На самиот старт од натпреварот уште во првата минута Митревски успеа да одбрани три удари на Чилеанците. Сепак и покрај неговите три гола Чиле беше репрезентацијата која го отвори натпреварот со 0:1. Со Чиле игравме гол за гол, недостасуваше подобра игра во нашата одбрана, додека нападот беше добар. Првпат во водство стигнавме со резултат 10:9. За брзо Чиле направи пресврт и поведе со 11:12. До крајот на првото полувреме гледавме слична игра на пауза ние отидовме со 16:17.

На стартот од второто полувреме одбраната започна да функционира нешто подобра, штета е што промашивме неколку напади во првите 10 минути од вториот дел за плус 2. До тие плус два сепак дојдовме во 43. минута преку Кузмановски (24:22). Во тие моменти бевме подобар противник, а Димитриоски промаши и зицер за плус 3. Toмовски во најдобар можен момент ја запиша првата интервенција и одбрани седмерец, па ние имавме нов напад за плус 3. Овој пат го искористивме преку Пешевски (26:23). Чиле одново промаши и ние веќе во следниот напад имавме плус 4, Лазаров одлично го проигра Димитриоски.

Чиле набрзина постигна два гола и во последните 10 минути ние влеговме со два гола предност (27:25). Митревски блескаше на нашиот гол и не дозволуваше Чиле да се врати во игра. Мора да се истакне и Томовски кој одбрани две седмерци.

Натпреварот веројатно го решивме кога на нешто помалку од четири минути до крајот Стоилов погоди за четири гола предност (31:27). На крајот славевме со конечни 32:29.

Коментари

Популарно