Актерката Мира Фурлан починала од последици на вирусот Западен Нил

Тажната веста за смртта на актерката Мира Фурлан, која наводно починала во средата, на 20 јануари, а на нејзиниот твитер-профил беше објавена денеска, брзо се прошири низ целиот регион.

Како што пренесува Вечерњи лист, Фурлан веќе подолго време боледувала од вирусот Западен Нил кој ѝ го пренел заразен комарец.

Поради тешката болест, последните неколку месеци ги поминала во тешка состојба борејќи се за животот. Иако во болницата во САД ѝ била пружена најдобрата  лекарска помош и нега, за жал болеста била појака.

Коментари

Популарно