Британскиот вид на Ковид 19 е откриен во Србија

Британскиот вид на Ковид 19 е откриен во Србија. Регистриран  е кај пантичка која од Лондон пристигнала во Белград. Имала негативен пср тест и лесни симптоми.

Исплашен сум бидејќи  има многу заразени со тој вид во Велика Британија, но засега нема место за паника, бидејќи изолизрани се контактите  со кои патничката од Лондон била изјави спрскиот претседател.

За британскиот вид  на корона светски епидемиолози тврдат дека е дури за 50 проценти позаразен и почесто ги напаѓа помладите лица. Досега е регистриран во 60-тина држави.

Покрај британскиот, паника во светот предизвикува и јужноафриканскиот вид на корона.

Новата мутација во Јужна Африка генетски научници ја откриле во ноември откако забележале драматичен пораст на инфекциите.  Тулио де Оливеира заедно со неговите колеги го развиле вирусот за да ги забрзаат своите истражувања. Заклучиле дека вирусот мутирал  за  полесно да се закачи на човечките клетки, правејќи ја болеста не повеќе смртоносна  од основниот вид но му помага да се пренесува многу полесно.

„Веруваме дека поминуваме низ нова пандемија со оваа варијанта која не само што се пренесува многу побрзо, туку и потенцијално има помала неутрализација“, изјави за CBS News генетскиот научник Тулио Де Оливеира.

Алекс Сигал кој е е постар истражувач во Африканскиот институт за истражување на здравјето вели дека новиот вид откриен во Јужна Африка има можност да ја намали ефикасноста на антителата кај луѓето инфицирани со оригиналната верзија на вирусот значително. Тоа значи дека  заразените во првиот бран би можеле да имаат мала заштита од новиот вид, а уште по вознемерувачки според Сигал е тоа  што  може да ги направи некои од вакцините помалку ефикасни.

„Јасно е дека го потценивме овој вирус“, вели тој. „Од друга страна, доказите сè уште ги нема дека вакцините ќе бидат засегнати и, секако, луѓето треба да продолжат да вакцинираат, бидејќи тоа е решението за оваа пандемија.

 Научниците нагласуваат дека имунитетот е само дел од сликата. Податоците за тоа колку вакцините се ефикасни против новиот вид нема да бидат достапни за брзо време, но во иднина, вакцините можеби ќе треба да се менуваат толку често за да штитат од мутациите  - како што е годишното вакцинирање  против грип со години.

Коментари

Популарно