(Видео) Снежна покривка во Саудиска Арабија после 50 години

На почетокот на оваа зима, Саудиска Арабија, меѓу другите земји, имаше невообичаено студено време, температурите паднаа под 0 степени Целзиусови, а обилните снежни врнежи ја покрија пустината за прв пат по 50 години.

Неколку делови на Саудиска Арабија доживеаја исклучително ретка појава за регионот - снежна зима, откако снежно невреме ја погодија оваа блискоисточна земја оваа недела. Издадени се временски предупредувања за неколку делови на Саудиска Арабија, а регионот Ацер е најтешко погоден од обилни снежни врнежи.

Во меѓувреме, многу Саудијци споделија видеа и фотографии на кои се гледа неверојатно голема количина снег во пустината. Еден од најпопуларните клипови прикажува шокирани камили кои не можат да разберат зошто е толку студено.

Коментари

Популарно