(Видео) Светската пејачка има само 28 години, а минала низ пекол

Американската пејачка и поранешна дизни ѕвезда Деми Ловато (28) неодамна открила дека има оштетување на мозокот откако во 2018 година претрпела мозочен удар и инфаркт откако се предозирала.

Имено 28 годишната Ловато за своето предозирање зборувала во својата најава за својот нова документарна серија на Јутјуб насловена како „Танцувањето со ѓаволот“.

Премиерата ќе биде на 23 март оваа година, а поп ѕвездата ги откри и последиците од предозирањето (за кој се верува дека е хероин) и тврди дека скоро починала тогаш.

-Имав три мозочни удари и инфаркт. Докторите ми рекоа дека имам 5 до 10 минути живот, вели во својата најава славната пејачка.

Таа додава дека предозирањето и влијаело околу оштетувањето на мозокот и денес дека има последици од сето тоа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Demi Lovato (@ddlovato)

Коментари

Популарно