(Видео) Трик со пенкало за брз сон го освои интернетот

Американка која сподели видео снимка на својата траница „Zoning for life“ на ТикТок откри како со помош на обично пенкало можете побрзо да заспиете.

Таа на снимката објаснува дека треба да земете пенкало и со заштитното капаче да го притиснете ножниот палец со што, како што вели, се ослободува мелатонин – хормон за спиење.

-Ќе спиете како бебе, тврди таа во видеото кое досега има повеќе од 7 милиони прегледи.

Голем број луѓе се сомневаат во овој трик. Но, како што пишува британски „Сан“ тој е добро познат и често се користи во рефлексотерапија – пракса која има за цел да ја врати природната телесна рамнотежа.

@zoningforlife

##ZoningForLife ##ILoveItWhenItWorks ##ThePowerOfTheZone ##ILoveItWhenItWorks

♬ original sound - ZoningForLife

Коментари

Популарно