Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на места во југозападните делови сѐ уште ќе има услови за слаби врнежи од снег, информираат од УХМР.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен по должината на Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Коментари

Популарно