Рама: Албанија нема да постави никакви услови или пречки за туристите

Премиерот на Албанија Еди Рама, рече дека Албанија нема да им наметне никакви услови или пречки на оние кои оваа година сакаат да дојдат на летен одмор, пренесува Лајм.

Ова значи дека туристите кои сакаат да идат на одмор во Албанија нема да имаат потреба од потврда за вакцинација.

Рама истакна дека барањата за летни резервации постојано се зголемуваат.

“Албанија нема да постави услов или каква било пречка за сите оние кои сакаат да дојдат во Албанија на летен одмор. Ова треба да биде многу поуспешна туристичка сезона отколку минатата година”, рече Рама.

Коментари

Популарно