Грција ги отвори плажите – СМС-порака со код за резервирање лежалка

Помалку од три недели откако Грција ги отвори своите граници за граѓаните на земјите од ЕУ, но и за граѓаните на Србија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија, плажите денес се конечно отворени.

Пред пет дена беа отворени терасите на рестораните и кафулињата, кои беа преполни со луѓе, што не може да се каже за плажите, бидејќи посетителите мора да следат бројни правила.

Туристите прво мора да испратат СМС-порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите (чадори и две лежалки) мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки.

Музиката е забранета во рестораните, а не смее да се задржите ниту во баровите на плажата.

Сето тоа, сепак, не ги обесхрабри граѓаните на Грција да побрзаат на уредените плажи и да уживаат во пливањето и сончањето.

„Кога последен пат разговарав со грчкиот министер за туриам Теохарис, од 14-ти мај граѓаните на Македонија ќе можат да влезат кај јужниот сосед, не постар од 72 часа или со потврда за вакцинација“, соопшти завчера министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.

Сепак, тој не можеше да потврди дали нашата земја ќе биде во оние, за кои што ќе важи и потврдата од брз антигенски тест.

„Тогаш Теохарис не знаеше и се уште немаме информација, дали ќе бидеме во таа група на земји. Се чека одлука од грчката Влада“, изјави Филипче.

Коментари

Популарно