Почина композиторот Тодор Трајчевски од Ковид-19

Oд компликации како последици на Ковид–19 почина познатиот македонски композитор, аранжер и хармоникаш, Тодор Трајчевски.

Трајчевски е роден 1954 година во Штип. Студирал на факултетот за музичка уметност во Скопје, се вработил во 1983 во Народниот оркестар на МРТ, а потоа станал и негов раководител во 1988 година.

Автор е на повеќе од 200 песни од различни жанрови, има над 400 аранжмани, како и на инструментални композиции за голем народен оркестар („Фолк загатка“, „Чие е она девојче“, „Изникна ми бадем дрво“,„Кинисала Роса“, „Повардарско оро“ и др.), инспирирани од фолклорното наследство на Македонија.

Коментари

Популарно