(Фото) Во Русија се појавиле билборди во чест на наставничката која се жртвувала за децата

Наставничката по англиски јазик Елвира Игнатијева, загинала на 11-ти мај во вооружен напад на училиште во Казањ, а ширум Русија се појавиле билборди со нејзиниот лик.

Потсетуваме, наставничката Еливра Игнатијева ги штитела децата од куршумите. Акцијата се одвива со хаштаг "наставничка херој".

"Ги заштити децата, за нив го даде својот живот", пишува на билбордот.

Потсетуваме, во нападот во училиште во главниот град на Татарстан настрадале седум деца и две наставнички. За нападот е осомничен поранешен ученик во училиштето, 19-годишниот Илназ, кој пред нападот поставувал страшни пораки на социјалните мрежи.

Тој вооружен и со многу муниција во раните утрински часови влегол во гимназијата и го ранил чуварот. После тоа тргнал во крвав поход по ходниците, пукајќи во секој што ќе го види. Во нападот биле повредени повеќе од 20 лица.

Полицијата успеала да го совлада напаѓачот, кој потоа бил одведен во притвор. Наводно, на сослушувањето тврдел дека е Бог, и дека тоа го сфатил неодамна.

Коментари

Популарно