2 лица починати и 3 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1.601 тестирања, а регистрирани се 3 нови случаи на КОВИД-19 од:

• Скопје – 3.

Пријавени се две починати лица: од Скопје (76г) и Куманово (75г).

Регистрирани се 15 оздравени пациенти од:

• Скопје – 6

• Прилеп, Битола и Кичево – по 2

• Тетово, Неготино и Виница – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 856.274 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.627, бројката на оздравени пациенти е 149.877, на починати е 5.477, а бројот на активни случаи изнесува 273

Коментари

Популарно