Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови повремено и засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Коментари

Популарно