ОРГАНИЗИРАН ПРЕЧЕК НА НАШИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

Авионот во кој се нашите фудбалери, учесници на ЕУРО 2020, во Скопје треба да слета денеска некаде околу 13.30 часот. По тој повод се организира достоинствен пречек со цел фановите да ги дочекаат како што доликува своите љубимци кои со игрите, и покрај трите порази, сепак не разочараа.

АМС организира автобиски превоз до скопскиот аеродром во кој сите заинтересирани можат да го искористат и да дочекаат нашите фудбалери.

Се тргнува во 12.30 часот од пред АМС.

извор: sportmedia.mk

Коментари

Популарно