Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност

Времето во земјава  ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 39 степени.

Коментари

Популарно