(Видео) Повеќе куќи целосно изгореа во голем пожар во Сараево

Пожар во Сараево уништи неколку куќи, пренесува порталот „Кликс“. Пожарот почнал да се шири, оставајќи без покрив над главата околу 20 луѓе.

Според снимките направени од воздух може да се оцени дека штетата е огромна, бидејќи пожарот уништил речиси сè.

Покривите се целосно изгорени, а пожарникарите успеале да спречат огнот да се прошири понатаму кон соседните објекти во населбата.

За обемот на пожарот укажува и големиот облак чад што се надвисна над Сараево. На местото на пожарот пристигнаа и министри од владата на кантонот Сараево.

Коментари

Популарно