(Фото) Хари и Меган позираа за Тајм

Магазинот "Time" ги прогласи Меган Маркл и принцот Хари за највлијателни личности за 2021 година, а тие двајца по овој повод за првпат заедно позирале за насловната страна на новиот број на магазинот.

Текстот за Меган и Хари го напишал Хозе Андрес, со кој парот претходно работел на бројни хуманитарни акции. Токму нивната хуманост е главната тема на разговор за Тајм.

"Во свет во кој сите имаат мислење за луѓето кои нѐ познаваат, Меган и Хари имаат сочувство кон луѓето кои не ги познаваат", напишал Андрес додавајќи дека парот е фокусиран на работа, а не само на зборови.

Коментари

Популарно