(Фото) Славниот брачен пар откри бизарен детал од своето купатило - се појави и фотографија

Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг, актерот Дерил Сабара недамна ја шокираа јавноста кога открија дека во домот имаат две веце школки и тоа една покрај друга.

Имено, оваа информаци ја откри братот на пејачката кој во емисијата во која еден од водителите низ шега рекол: „Ти и твојот сопруг сте чудаци, вршите нужда еден покрај друг“.

Меган тоа го потврдила и опишала како се случило да зградат две веце школки без никаква преграда.

„Да, штотуку се преселивме во нова куќа, направивме реновирање. Никој ова не го знае, но во тоа купатило имаше само една веце школка. Често среде ноќ кога сме будни поради бебето сакаме да одиме да уринираме, и потоа помисливме, зошто да не заштедиме време? Ставивме две веце школку една покрај друга“, призна пејачката.

Пејачката во емисија покажа и како всушност изгледа нивниот тоалет.

Коментари

Популарно