(Фото) „Жена од султана“ ги спои султанот и љубовникот

Пејачката Тијана Милентијевиќ, попозната „Жена од султана“, деновиве е во Босна и Херцеговина, каде има деловни обврски и снима неколку емисии.

Тијана Милентијевиќ минатата година доживеа голем успех во кариерата, откако сними петминутно видео за песната „Жена од султана“, која стана голем хит ширум Балканот.

Имено, таа сега за време на престојот во Сараево ја искористила приликата да ги спои султанот кој во спотот го игра Шаран и нејзиниот љубовник Кенан Тахировиќ.

Кенан отсекогаш бил во пријателски односи со Тијана, иако во медиумите многу се шпекулира дека меѓу нив се родило и нешто повеќе.

Двајцата го поминаа денот заедно, уживајќи во сонцето и кафето, па си ги кажаа сите приказни кои не можеа во претходните месеци, како поради обврските, така и поради реалното шоу во кое Тахировиќ постигна голем успех.

Во продолжение погледнете ги фотографиите што ги направија босанските медиуми од Тијана и Кенан.

Коментари

Популарно