Овие 2 симптома никогаш не би ги поврзале со коронавирус

Коронавирусот сè уште владее со планетата и додека сите зборуваат за омикрон сојот, експертите апелираат дека делтата и понатаму покажува голема активност и дека возможно е да се заразите и со овој „постар“ сој, кој дава потешка клиничка слика.

Симптомите на делта и омикрон се разликуваат, но како сите да заборавија на делта сојот, кој сè уште е активен, сè уште заразува луѓе, а предизвикува потешко заболување од омикрон сојот.

Кинеските научници затоа го издвоиле симптомот што многу хоспитализирани пациенти го пријавиле како прв знак дека нешто не е во ред, а тоа не е ниту кашлица ниту температура!

Тим од научници во кинеската болница во Тонгџа објавиле дека проблемите со гастроинтестиналниот тракт, како што се мачнина и повраќање, биле првите клинички манифестации кај инфицираните пациенти.

Коронавирусот е системска болест, а вирусот може да ги нападне органите за дишење, но и системот за варење, бидејќи рецепторот за кој се поврзува вирусот, во голема мера се наоѓа во епителот на дигестивниот тракт.

Симптомите како што се мачнина и повраќање, кои претходно би ги поврзале со труење со храна или консумирање намирници што не ви годат, може да бидат знак за инфекција со ковид. Се појавуваат од два до 14 дена по ризичниот контакт, поради што важно е да се тестирате ако во меѓувреме сте дознале дека некој со кого сте имале контакт има коронавирус.

Коментари

Популарно