Луѓето мислат дека се обидувам да бидам смешна!

Во новата серија на Нетфликс „My Next Guest Needs No Introduction“, чиј водител е Дејвид Летерман, Били Ајлиш реши подетално да зборува за животот со Туретов синдром.

Туретов синдром е ретко нарушување на нервниот систем, а се карактеризира со неконтролирани движења (тикови) или несакани звуци кои не можат да се контролираат.

– Ако ме снимате доволно долго, ќе забележите дека имам многу тикови. Ова е навистина чудна болест, досега не сум зборувала за неа. Луѓето мислат дека се однесувам вака затоа што се обидувам да бидам смешна. Тоа многу ме навредува – изјавила Ајлиш.

Таа додаде дека ретко кој веднаш забележува дека боледува од Туретов синдром и дека има уште неколку познати личности кои го имаат овој проблем, но нема да ги открие нивните имиња.

Летерман во еден момент бил загрижен дека неговото прашање ја вознемирило и предизвикало уште повеќе тикови, но пејачката му рекла дека сака да продолжи да зборува.

– Интересно ми е да одговорам на ова прашање. Здравствената состојба ме збунува. Едноставно не разбирам – рече таа.

Дијагностицирана била кога имала 11 години.

– Тиковите ме исцрпуваат, но успеав да се „здружам“ со нив – заклучила таа.

Коментари

Популарно