„Време е...“ за драстични промени во нашата земја!

Време е да разговараме за важни теми, за подобра иднина, за почиста животната средина.

Во четврток во 20 часот стартува серијалот поткаст емисии „Време е...“ со водителот Валентин Николовски, посветен на анализи и дебати со цел да се поттикнат општествени промени во свеста на граѓаните за односот кон животната средина.

Поткаст шоуто со работен наслов „Време е...“ е продуцирано во форма на динамично ТВ-шоу во живо со времетраење од 60 минути, адаптирано според онлајн стандарди.

Целта е дека ние, како заедница треба да го смениме, не само начинот на размислување, туку и нашите постапки, а со тоа да го смениме општеството во кое живееме, за на крајот да го достигнеме нивото на земјите членки на Европската Унија.

Првата  емисија е наменета за управување со отпадот, а во неа ќе гостуваат Филип Иванов, консултант за управување со отпад, Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад од Министерство за животна средина и просторно планирање, како и Горан Ангелов, експерт за управување со отпад.

Во емисијата ќе ја видите реалната слика со ѓубрето во Македонија, како се одлага отпад во државите на Европската Унија, што се може да се прави со отпадот.

Емисијата е поделена во неколку сегменти и ќе се емитува на онлајн платформите на порталот zase.mk, а поткастот во живо ќе се пренесува и споделува на социјалните мрежи YouTube, на Facebook, Twitter, Instagram.

Пилот проектот „Време е!“ реализиран од здружението МЕДИУМ Скопје, и е делумно поддржан од Европската Унија преку проектот „ЕУ СО ТЕБЕ“.

Овој проект ги отсликува ставовите на здружението МЕДИУМ и не ги отсликува ставовите на Европската Унија.

Коментари

Популарно