Како да заспиете за само една минута?

Дали поради стрес од настаните во текот на деност, дали поради премногу кофеин, или поради непогодени температурни услови – голем дел од нас буквално се мачат за да заспијат. Но, сепак постојат методи за да се „хакне“ заспивањето.

1.Заспивање за 10 секунди

Забелешка: Целата вежба трае 120 секунди, од кои последните 10 ве заспиваат.

Ова е популаризирано како „војнички метод“. Пред-училиштето за пилоти на Воените сили на САД го измислиле овој метод, за да им помогнат на пилотите да заспиваат за 2 минути. На пилотите им биле потребни по 6 недели за да го усовршат, но функционирал – дури и по пиено кафе и со звуци на огнени оружја во позадината.

Методот

Релаксирајте го целото лице, вклучувајќи ги мускулите во устата.

Релаксирајте ги рамената и рацете нека ви бидат од страните на телото.

Издишете, релаксирајќи го градниот кош.

Релаксирајте ги нозете, бутовите и листовите.

10 секунди замислувајте релаксирачка сцена (облаци, ледина…)

Ако ова не функционира, 10 секунди пополека кажувајте си: „Не мисли“.

Во наредните 10 секунди, би требало да заспиете.

Ако ова не ви функционира, работете повеќе на дишењето и релаксацијата на мускулите.

2. Заспивање за 60 секунди преку 2 методи

4-7-8 метод на дишење

Одделете ги малку усните и испуштете слаб звук на издишување.

Затворете ги усните и вдишете тивко, низ носот. Избројте до 4 во главата.

Чувајте го здивот 7 секунди.

Издишувајте како на точка 1, во траење од 8 секунди.

Комплетирајте го овој циклус со 4 вакви круга. При четвртиот круг веќе би требало да заспивате.

Прогресивна релаксација на мускули (ПРМ)

Подигајте ги веѓите највисоко што можете, во траење од 5 секунди. Ова ќе ги зацврсти мускулите на вашето чело.

Веднаш потоа, релаксирајте ги челните мускули и осетете како се намалува тензијата. Почекајте 10 секунди.

Насмевнете се широко за да креирате тензија во образите. Држете ја насмевката 5 секунди. Релаксирајте ја.

Паузирајте 10 секунди.

Затворете ги очите најсилно пто можете. Држете ги така 5 секунди. Релаксирајте ги.

Паузирајте 10 секунди.

Навалете ја главата наназад доволно за целосно да го гледате плафонот. Држете ја така 5 секунди. Релаксирајте го вратот.

Паузирајте 10 секунди.

Вакви затегнувања и релаксирања правете со секој мускул надоле по телото, сѐ додека не заспиете.

Коментари

Популарно