Козметички салон од Загреб објави наградна игра која предизвика бура коментари

Многумина го нарекоа потегот на салонот „невкусен“ и „сексистички“, а помеѓу првите кои јавно ја изразиле својата згрозеност од ситуацијата е инфлуенсерката и водителка Нина Слишковиќ Голеш.

„Не дозволувајте некој да ве убеди дека задникот е поважен од она што го носите во главата“, порачала таа.

Меѓутоа, од козметичкиот салон изреагирале и на изјавата на Нина и дополнително ја згрозиле јавноста:

„Ви благодариме што не освестивте бидејќи ние мислевме, како што вие убаво и префинето велите, дека „задникот е многу побитен од главата“. Иако признавам, не би ви наштетил некој третман кај нас“, напишала сопственичката на салонот, на што Голеш возвратила: „Малку е тажно и по интервенциите од неколку личности, таа се уште пропушта што е проблематично во оваа приказна“, порачала водителката, а многу жени ја поддржале.

„Кој воопшто помиалил дека ова е добра идеја?“, „Сега ќе фотографираат некоја жена неколку месеци по породувањето за допоолнително да ѝ набијат комплекси што „се уште не се вратила во форма“. Ова не е нормално. И секако, никој не фотографира мажи со пивски стомаци. Не велам дека треба, и тоа би било болно, но секогаш се жените на тапет“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно