ХОРОСКОП: Како секој знак покажува љубов без да каже „те сакам?

Како секој знак од Зодијакот изјавува љубов без да ги каже зборовите „Те сакам“? Секој има различен стил, согласно своите хороскопски карактеристики.

Љубовта не е само „те сакам“, таа може да се изрази на многу други начини, дури и без никакви зборови, а еве како тоа го прават сите знаци на Зодијакот:

Овен

Овенот е многу отворен во сè што прави, а љубовта не е исклучок. Ако отворено ви изјави љубов, знајте дека тоа е навистина искрено.

Ако не ви каже „те сакам“, тогаш често ќе се шегува со вас, ќе ве задева и на тој начин ќе ви ја покаже својата љубов. Од Овенот можете да очекувате и добри пораки за добро утро, тоа е нивниот омилен начин да покажат дека се грижат.

Бик

Ако не сте сигурни дали Бикот ве сака, обрнете внимание на неговите постапки. Тој сака да се придржува до некои традиционални принципи, па најчесто ќе плати за сè, а од мажот роден во овој знак можете да очекувате разни други мали гестови, како на пример отворање или придржување на вратата додека влегувате некаде.

Тие ќе ја споделат својата храна со саканата личност, нешто што генерално не сакаат да го прават.

Близнаци

Родените во знакот Близнаци сакаат да му покажат на партнерот дека го сакаат, без всушност да го кажат тоа на глас. 

Многу сакаат друштво и дружење, а се и непоправливи романтичари, што е опасна комбинација. Доколку сакате да знаете дали ве сака личност родена во знакот Близнаци, обрнете внимание на тоа како разговара со вас.

Наместо површни прашања, тие ќе ви поставуваат повеќе лични и поинтимни прашања, и нема да ве прекинуваат додека разговарате.

Рак

Кога Ракот е заљубен, тоа ќе го покаже со тоа што на секој можен начин ќе сака да ја заштити личноста за која се грижи.

Ќе ви подготви вечера, ќе провери дали ви е удобно кога ќе легнете да гледате телевизија… Ракот е всушност мајстор да не ви каже „те сакам“, а сепак многу јасно да ви стави до знаење дека е така.

Лав

Лавот обично сака да има многу слобода во сè што прави, но кога ќе се вљуби, престанува да размислува толку многу за себе и личноста што ја сака тогаш ја става на прво место. 

Дефинитивно ќе знаете дека ве сака кога ќе ви предложи да останете дома и да се галите, наместо да инсистира да излезете некаде.

Девица

Родените во овој знак не сакаат да се чувствуваат ранливо, па чувството на заљубување може да ги излуди.

Бидете трпеливи со нив, тие на почетокот ќе бидат многу срамежливи, а кога ќе се заљубат ќе го знаете тоа така што вашите потреби ќе им бидат поважни од нивните сопствени.

Вага

Бидејќи Вагата сака да биде пријател со сите, понекогаш е тешко да дознаете дали вистински ве сака или ве гледа само како пријател.

Клучниот знак – кога Вагата искрено љуби, ќе се труди да биде многу искрена со вас, нема да ве третира исто како и сите други и ќе сподели некои многу приватни детали за да ви даде до знаење дека сте посебни.

Скорпија

Скорпиите се многу интензивни во сите врски, што може да ги исплаши нивните партнери. Понекогаш се многу тврдоглави, но кога ќе се заљубат, наместо да ја искажуваат љубовта со зборови, со партнерот ќе се однесуваат како кон крал или кралица.

Стрелец

Родените во знакот Стрелец имаат многу авантуристички дух и за нив љубовта е токму тоа, само уште една авантура. Кога навистина ќе се вљубат, ги пуштаат сите сопирачки, поради што на партнерот му делуваат многу несериозно.

Кога Стрелецот е длабоко вљубен, тој сака да го насмее партнерот, да патува со него и да пробува нови работи.

Јарец

Заљубениот Јарец ќе се обиде да го импресионира партнерот со својот ум, поради што на почетокот може да изгледа вкочането, но со текот на времето ќе се опушти. Ќе знаете дека е сериозно кога ќе ве запознае со семејството и ќе сфатите дека се сеќава на сите детали во врска со вас.

Водолија

Со оглед на тоа што Водолијата честопати изгледа недостапно, тешко е да се препознае љубовта во нивното однесување.

Меѓутоа, кога навистина ќе се заљубат, целото внимание го насочуваат кон партнерот, се смеат и на неговите најлоши шеги, ги споделуваат своите омилени книги и места, што за нив е многу лично.

Риби

Овие луѓе се многу срамежливи и емотивни, но бидејќи се плашат да не бидат повредени, понекогаш делуваат многу резервирано.

Кога навистина ќе се заљубат, тоа го покажуваат со тоа што се грижат за партнерот, преку ден му праќаат слатки пораки и споделуваат храна со нив.

За нив тие ситници се најважни во врската, а нивното мото е дела делата се погласни од зборовите.

Коментари

Популарно