(Фото) Илјадници Македонци се сплотија и порачуваат: „НЕ за бугаризација“

Почна сенародниот протест „Ултиматум – Не благодарам“ пред зградата на Владата.

Скопје исполнет како никогаш до сега. Реки од народ се слеваат во главниот град, се веат македонски знамиња, се пеат патриотски песни.

Македонскиот народ масовно е излезен и со македонски знамиња и пароли искажувајќи го својот револт против францускиот предлог и јасно порача: „НЕ за бугаризација“.

Ваква беше сликата и на големиот протест на 18 јуни оваа година.

Коментари

Популарно