Намалете ги брчките и забрзајте го метаболизмот

Исфрлете од исхраната се што му штети на вашето тело. Доколку имате проблем со брчките, пробајте го овој домашен третман што е можно поскоро.

Тајната е во лененото семе, кое со своите лековити својства придонесува за подобрување на вашето поткожно ткиво, ги подмладува масните клетки и го враќа тој младешки изглед во пределот околу образите, особено во чувствителните делови на кожата околу очите, каде што кожата е најтенка и склона кон брчки.

Во сад ставете една лажица ленено семе и прелијте со третина шолја врела вода, протресете неколку минути и потоа покријте со салфетка и оставете да отстои до вечер. Исцедете ја смесата таа вечер. Користете ја гелираната водена маса која ја оставило лененото семе.

Нанесете го овој раствор од ленено семе на исчистено лице и врат со стапчиња за уши. Не мора да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму. Кога маската ќе се исуши на лицето, нанесете ја повторно. Повторете ја оваа постапка пет пати.

Ефекти на маската од ленено семе:

  • Ги крева цртите на лицето, ја тонира и затегнува кожата
  • Ги намалува широките пори
  • Ја хидрира кожата
  • Служи и како пилинг за кожа
  • Го намалува вишокот на себум на мрсна кожа
  • Помага во спречување на формирање на акни и отстранување на мозолчиња од лицето
  • Го успорува создавањето на брчки и го елиминира создавањето на тенки линии на лицето, бидејќи има својства кои интензивно го забавуваат стареењето.

Лен за губење на тежината

Секое утро прелијте една лажичка ленено семе со малку вода и оставете до вечер. Навечер, наместо вечера, јадете го тоа семе со грицкање семка по семка. Испијте ја и водата во која е натопено лененото семе.

Овој напиток со семки ќе го забрза исфрлањето на токсините од телото, ќе го забрза метаболизмот. При земање лен не користете индустриски производи, шеќери и бело брашно. По две недели ќе почувствувате целосно препородување на телото.

Коментари

Популарно