ФОТО: Вака денеска изгледа Касандра на 49 години

Кораима Торес е венецуелска глумица. Родена е на 6 јуни 1973 година во Валенсија. Нејзините први улоги ѝ биле во теленовелите "Гарденија" и "Алондра". Првата главна улога ја добила во 1992 година во теленовелата "Касандра", што е прикажувана во повеќе од 100 земји. После тоа отиде во Колумбија, каде ја добила главната улога во теленовелата "Соништа и огледала". Нејзин партнер во таа сапуница е колумбискиот глумец Николас Монтеро. Се заљубиле и се зеле во 1996 године.

Кораима исто така играла во мини-серијата "Близнаци" и во сапуницата "Cambio de piel". После оваа сапуница, работела во Перу и Аргентина, каде играла во 3 серии: "Марија Емилија", "Латинска љубов" и "Соледад". Нејзина последна теленовела е "Amor del bueno" и "Лорена". После големиот успех на серијата Касандра, Кораима Торес со партнерот во серијата ја посетија и Македонија.

Таа денеска има 49 години и покажа како изгледа во петтата деценија од животот. Кораима е мажена и има две деца и живее во Богота, Колумбија.

Коментари

Популарно