ВИДЕО: Невремето откорна лимен кров од зграда во Аеродром

Освен откорнато дрво, инциден кој за среќа помина без повредени, невремето во Скопје денеска откорна кров од зграда во скопсјата населба Аеродром.

Од денешното невреме во Скопје објавена е снимка од Острово, на која се гледа како ветерот корне дел од лимен покрив од зграда, кров кој е саниран пред година-две.

На снимката се гледа како лимениот кров се бори со ветерот и на крај ја губи битката.

Коментари

Популарно