„Тешко ми е“: Никол Пелц се огласи по гласините за лошите односи со Викторија Бекам

Никол Пелц, сопругата на Бруклин Бекам, објави фотографија на Инстаграм на која со насолзени очи лежи во кревет и гледа во далечината. Заедно со фотографијата објави и емотивен текст кој странските медиуми го протолкуваа како одговор на гласините за нејзината кавга со нејзината свекрва Викторија Бекам.

„Понекогаш ми е тешко да го покажам тажниот дел од себе. Пораснав со седум браќа и сестри и двајца многу силни родители, а тоа ме направи силна. Затоа не дозволувам луѓето да ме соборат или повредат. Изградив ѕид околу себе за да се заштитам, што е особено важно во оваа индустрија“, напишала манекенката.

„Сите имаме денови кога некој не повредува и во ред е да се чувствуваме лошо. Само сакав да напишам нешто за тоа затоа што никогаш не ја покажав таа моја страна овде. Сакав да ја покажам. Ве сакам сите многу и ја ценам вашата поддршка“, додаде Пелц.

Во последните денови странските медиуми пишуваа дека Никол Пелц и нејзината свекрва Викторија Бекам се во лоши односи.

Page Six како можна причина за несогласувањето го навела тоа што Никол е љубоморна на вниманието кое секогаш го добива Викторија, поради што ја исклучила од свадбените подготовки кои се одржаа во април оваа година во Палм Бич, Флорида.

Коментари

Популарно