Ен Хеч во стабилна состојба по сообраќајната несреќа

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил „удри“ во куќа, а како што пишува „Hollywood Reporter“, актерката моментално е во стабилна состојба.

Актерката доживеала несреќа кога удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а огнот го гаселе 59 пожарникари, пренесоа американските медиуми.

Хеч веднаш била извлечена од урнатините и пренесен во болница.

Сепак, според последните вести кои излегуваат од Холивуд, актерката е во стабилна состојба, а нејзиниот претставник за медиуми изјави дека нејзиното семејство бара приватност.

„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, рече тој.

Како што е познато, освен актерката никој не е повреден во сообраќајната несреќа, ниту пак е уапсен, а полициските детективи вршат натамошни увиди.

Коментари

Популарно